9 C
Skopje
четврток, ноември 14, 2019

Илон Маск ќе прави мини-автомобил

Kabtel desktop

Илон Маск и Tesla конечно можат да бидат задоволни со производството на Model 3 и наскоро ќе се свртат кон нови модели, кои ги најавија и кои се подготвуваат. Освен електричниот камион и Roadster, наскоро можеме да очекуваме и најава на електричен теренец, кој веројатно ќе се вика Model Y. Но, се чини дека тоа не е се, затоа што Илон Маск на Twitter најави дека Tesla подготвува и мини-автомобил.

Маск не кажа никакви дополнителни информации, освен тоа дека во возилото ќе може да влезе возрасна личности. Тој не одговори ни на новинарските прашања врзани за автомобилот. Иако овој негов „твит“ може да биде шега, кога станува збор за Маск, важи правилото дека каде што има чад, има и оган, пренесува Zimo.

На страницата Electrek потсетуваат дека Маск со некои свои најави на Twitter, за кои сите мислеа дека се шега, беше сериозен – на пример, кога напиша дека ќе го лансира својот Roadster во вселената. Ќе биде интересно да се следат следните објави на Маск на социјалните мрежи и да се дознаат подетални информации за возилото на кое, наводно, се работи.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •