4 C
Skopje
сабота, април 10, 2021

НАСА ќе испрати астронаути на траен престој во база која ќе кружи околу Месечината

Kabtel desktop

Астронаути на Американската вселенска агенција НАСА наскоро ќе живеат во база која ќе кружи околу Месечината, потврди американскиот потпретседател Мајк Пенс. Пенс ја откри визијата на американското истражување на вселената. Тој истакна дека новата вселенска база ќе биде воспоставена и оперативна до 2024 година.

„Нашето внимание повторно е насочено кон Месечината. Повеќе не сме задоволни со оставање отпечатоци и заминување. Веруваме дека дојде време САД да го искористат сето тоа што сме го научиле во изминатите децении, да ја применат генијалноста и креативноста на НАСА и да воспостават постојано присуство на Месечината и околу неа“ изјави Пенс.

НАСА моментално го развива сателитот Lunar Orbital Platform-Gateway, кој ќе биде лансиран во вселената во 2022 година и ќе служи како база за мисиите за истражување на подлабоката вселена, пишува Klix.ba.

„Само неколку години не делат од лансирање на првите делови од Gateway во вселената, со што научната фантастика ќе ја претвориме во реалност. Нашата администрација неуморно работи за американскиот тим да се најде на Lunar Orbital до крајот на 2024 година“ додаде американскиот потпретседател.

Тој истакна дека претседателот на САД, Доналд Трамп, повторно ќе ја врати величественоста на американската вселенска програма. „Октажувањето на претходните обиди за одење на Месечината на САД и на целиот свет му порачуваа дека Америка повеќе не е сериозна во своите походи за истражување на вселената,. Зборувавме за одење на Марс, но без Месечината како темел, без посилно комерцијално партнерство кое ќе ни помогне да ја оствариме целта и без човечки тим на Марс, сето тоа е само пуста желба“ додаде Пенс.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •