6.5 C
Skopje
среда, октомври 23, 2019

Coca-Cola го купува британскиот синџир кафетерии Costa Limited

Компанијата Coca-Cola денес објави дека го купува синџирот кафетерии Costa Limited за 5,1 милијарди долари. Како што соопштија оттаму, постигнат е конечен договор со компанијата Whitbread, која е сопственик на кафетериите. Оваа аквизиција ќе и овозможи на Coca-Cola да го освои пазарот за кафе ширум Европа, Азија, Пацификот, Блискиот Исток и Африка, со можност за дополнително ширење.

Операциите на Costa опфаќаат речиси 4.000 малопродажни објекти. „Costa на Coca-Cola и дава нова можност и експертиза од полето на кафето, а нашиот систем може да создаде можности за раст на брендот Costa  во светот“ изјави претседателот и извршен директор на Coca-Cola, Џејмс Квинси.

Сosta Limited е компанија лидер на пазарот за кафе во Велика Британија. Основана е во Лондон во 1971 година.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •