23 C
Skopje
петок, јуни 5, 2020

ВИДЕО: Нема да им верувате на очите, но ова што го гледате е камион!

Kabtel desktop

Ако иднината на транспортот им припаѓа на беспилотните возила, односно на компјутерите кои целосно ќе управуваат со автомобилите и камионите, тогаш при дизајнирањето возила во иднина воопшто не треба да се размислува за место за возачот. Додека во дизајнот нема да треба да се смени премногу, освен наместо возач на предното седиште да седат патници, целосната автономија може да го промени дизајнот на камионите.

Volvo неделава покажа како може да изгледаат камионите од иднината со кои управуваат компјутери – бидејќи возачот не е потребен, од старт не треба да се размислува на која позиција ќе биде тој. Во концетот Volvo Vere компанијата дизајнираше електричен камион без кабина, односно само со дел од моторот, батерија и тркала на кои ќе може да се поврзе со приколката со товар. Verа ќе може да повлече дури 32 тони товар, пишува Zimo.

Ова е концепт и не е познато дали Volvо ќе се одлучи за комерцијализација, а ако се одлучат, Vera на почетокот нема да излегува на отворен пат, туку ќе се користи само во одредени ситуации. На пример, на пристаништа, логистички центри и слично, каде што е потребно да се префрли голема количина товар на мало растојание.

Од безбедносни причини Vera се движи побавно од класичните автомобили, а при презентацијата на автономните својства на камионот гостите беа сместени зад прегадата и можеа да видат одблиску како стопира камионот.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •