Новиот Galaxy A7 пристигнува со камера со 3 објективи

- Advertisement -

Новиот Галакси А7 (Galaxy A7) е најновиот уред на компанијата Самсунг Електроникс (Samsung Electronics co., Ltd.), со моќна задна тројна камера и елегантен дизајн. Галакси А7 ќе биде достапен во продажба кај овластените продажни партнери и оператори во почетокот на октомври по препорачана продажна цена од 20.449 денари во три бои – црна, сина и златна.

Самсунг е посветен на овозможување значајни иновации за сите корисници – дел од Галакси семејството, без разлика кои се и каде се наоѓаат ширум светот. Со радост ви ги претставуваме новите иновативни карактеристики на А серијата преку новиот Галакси А7 – практичен, но моќен уред создаден да ви помогне вашето секојдневие да стане извонредно.“ – изјави ДЈ Кох (DJ Koh), Претседател и Генерален Директор на Дивизијата за ИТ и Мобилни Комуникации во Самсунг Електроникс.

- Advertisement -

Тројна камера на новиот Галакси А7 уред поседува одлични карактеристики:

  • Ултра Широк објектив од 8 MP, со агол од 120 степени. Со иста ширина на видното поле како човековото око, Галакси А7 го доловува светот исто онака како што корисникот го гледа креирајќи фотографии со широк агол и без ограничување;
  • Со објективот од 24MP и објективот за длабочина на фотографија, функцијата “Live Focus“ на новиот Галакси А7 дозволува контрола на длабочината на видното поле преку прилагодување на “бокех“ ефектот.
  • Објективот од 24MP автоматски пропушта повеќе светлина преку комбинирање на четири пиксели во еден во услови на ниска осветленост. Затоа, креираните фотографии се совршено бистри и при силна светлина и во услови на ниска осветленост.
  • Со помош на интелигентната функција на Самсунг – Оптимизатор на Сцени (Scene Optimizer), камерата на Галакси А7 го категоризира субјектот и ги прилагодува бојата, контрастот и светлината за инстантно да го оптимизира квалитетот на фотографијата[1].

Предната камера од 24MP и прилагодливиот ЛЕД блиц овозможуваат креирање светли, јасни “селфи“ фотографии во било кој период од денот. Преку функцијата “Selfie Focus“ може да се креираат “селфи“ фотографии со “бокех“ ефект, а преку “Pro Lighting“ функцијата може  да се креираат фотографии со осветленост на ниво на професионално фото-студио. Покрај тоа, фотографиите може да се персонализираат со користење на АР емоџи (AR emoji) и филтри.

- Advertisement -

Уредот има препознатлив, “бесконечен“ Супер АМОЛЕД екран со големина од 6.0 инчи. Галакси А7 исто така поддржува “Dolby Atmos®“[2] технологија за репродукција на звукот. Со врвен дизајн на стаклото, страничен сензор за отпечатоци кој е едноставен за користење и беспрекорни заоблувања, Галакси А7 е практичен уред кој е удобен за користење. Достапен е во четири елегантни бои – сина, црна, златна и розева[3] – за да се вклопи во сечиј личен стил.

Уредот Галакси А7 пристигнува со услугите “Bixby“[4], “Samsung Pay“[5] и “Samsung Health“.

- Advertisement -

За повеќе информации за новиот Самсунг Галакси А7, посетете ги страните: http://www.samsungmobilepress.com, news.samsung.com/galaxy или www.samsung.com/galaxy

Сподели!
- Advertisement -