26 C
Skopje
сабота, јули 4, 2020

Шест сурови вистини за стартувањето сопствен бизнис кои ретко кој ги кажува

Kabtel desktop

Питер Баскервил, сопственик на 30 различни компании од специјализирана трговија до фаст фуд и угостителство, откри неколку од најголемите митови за поседувањето мал бизнис, посебно во раните фази од развојот.

Мит бр. 1: Поседувањето компанија значи дека можете да работите кога сакате
Вистината е дека сепак не ја поседувате вие компанијата, туку таа ве поседува вас. Ако правилото на компанијата е дека е достапна за потрошувачите 24/7, тоа значи дека и вие како сопственици мора да работите постојано, што најчесто е случај. Не е невообичаено луѓето кои имаат свој бизнис да работат по 80-100 часа неделно. за да преживеат и да успеат.

Мит бр.2: Ќе направите богатство ако имате своја компанија
Анализирајќи ги цените кои работодавците им ги наплаќаат на купувачите многу вработени сметаат дека тие заработуваат цело богатство. Но, дури кога ќе почнат свој бизнис и ќе ги видат големите трошоци кои треба да се платата со приходите, сфаќаат дека нето профитните маржи се толку тенки што речиси не постојат.

Мит бр.3: Да се има свој бизнис значи дека сте сами свој газда и не мора да одговарате никому
На некој начин, ова е вистина. Кога сте сопственик на бизнис не договарате никому за своите постапки, но сега одговарате на многу повеќе шефови – купувачите, вработените, партнерите, доставувачите итн. Ова се само некои од „шефовите“ на кои ќе им одговарате и притоа не заборавете дека имаат добивка од профитот.

Мит бр.4: Поседувањето компанија значи дека за себе можете да имате дефинирана плата
Она што е побитно од сопствените потреби и желби е опстанокот на компанијата. Според тоа, ако работата бара од вас, ќе мора да се откажете од својот дел за да можете да ги платите сметките и да продолжите да напредувате. Вашата плата доаѓа на ред кога ќе се подмират сите потреби и мора да бидете подготвени дека ќе биде помала отколку што сте очекувале. Сега вашите примања зависат од некои нејасни постапки на купувачите и од економските сили кои се надвор од ваша контрола.

Мит бр.5: Ќе можете да аутсорсирате се и да делегирате
Некои прашања како менаџирањето со финансиите, вработувањето и одредувањето на цените не може да се издвојат ако сакате да имате финансиски одржлива компанија, а профитната маржа ќе ве ограничи од вклучување на консултанти и помош која ви е потребна. Исто така, доста активности не може да се пренесат на вработените, туку вие ќе бидете задолжени за нивно извршување. Затоа, немојте да се изненадите ако некои од тие задачи вклучуваат исфрлање на ѓубрето надвор или чистење на тоалетите.

Мит бр.6: Бизнисот ќе биде успешен од првиот ден
Имено, многу мал број компании се профитабилни од самиот почеток. За најголем дел треба да помине одреден период за да станат профитабилни. Понекогаш тој период трае од три месеци до три години. Не е невообичаено за рестораните, на пример, да се потребни три години за остварување профит, додека за take away баровите три месеци. Исто така, ако сопственикот на компанијата нема доволно обртни средства за покривање на настанатите загуби додека бизнисот не стане профитабилен, поради проблеми со неликвидност може да дојде до неуспех.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •