Крсто Златков, SEDC: Дигиталните вештини се потребни повеќе од било кога!

- Advertisement -

За тековните активности и новите post-Covid трендови, но и предизвици разговараме со Крсто Златков од Сеавус Едукативен и Развоен ЦентарСеавус Едукативен и Развоен Центар  под мотото “10 години – ги менуваме вашите животни приказни” годинава одбележува 10 години од своето работење. Во изминатиот период компанијата се етаблираше како една од најреномираните институции за неформално образование во делот на ИТ и бизнис обуки.

Разговараше – Верица Јорданова

Како течат уписите во SEDC за новата академска година?

Како и секоја година, од први февруари започнуваме со уписите за новата академска година која во SEDC стартува на 15 октомври за возрасните студенти над 18 години и 30 септември за најмладите, од 8 до 14 години. Оваа година ќе запишеме вкупно 410 студенти во Скопје и нашите подружници во Охрид и Ниш. И покрај новонастатаната ситуација поврзана со COVID-19, побараувачката на кадри од ИТ и дизајн индустријата е во постојан раст, а тоа што нас нè радува во последните години е навременото планирање на студиите од страна на кандидатите и исполнување на квотите за упис два месеци пред почеток на академиите. Во моментов активна е и апликацијата за ваучер до 30.000 денари за млади лица од 18 до 29 години, па нашите прогнози се дека и оваа година до крајот на август местата за дванаесетте академски програми ќе бидат исполнети до последно место.

- Advertisement -

Дали новонастатаната ситуација се одрази на вашата работа и како се справивте со истата?

Оваа година во SEDC славиме јубилеј, 10 години ги менуваме животите на сите оние коишто  решиле да започнат нова кариера и бидат дел од најбараните професиите во светот. Овој јубилеј ни донесе и нови предизвици, да се адаптираме на новата ситуација и да го задржиме квалитетот на наставата. Всушност, оваа ситуација ги забрза веќе планираните процеси за дигитализација во начинот на изведување на наставата и нè мотивираше да иновираме нови едукативни форми и методи во работењето. Тековната настава доби поинтензивна динамика, започнавме со користење на голем број алатки за online комуникација и следење на активностите и проектите на студентите или со еден збор се префрливме во „виртуелните училници“. Тоа не го намали обемот на активности. Напротив, во моментов активно работиме на 20 проекти за реални клиенти на коишто имаме и меѓусебна соработка на студентите од различни академии. Следејќи ги светските трендови, за првпат започнавме и со развивање на т.н „хибриден модел“, а со тоа се подготвуваме за сите сценарија кои можат да произлезат од оваа ситуација. Овој модел подразбира дека студентите имаат можност сами да го одберат начинот на следење на настава и дека наставата која би се одвивала во нашите простории со максимална заштита ќе може да се следи во реално време и online. Овој тип на настава овозможува и снимање на наставата, па со тоа студентите би можеле да се потсетуваат или во случај на отсуство да го надополнат пропуштениот час.

Што е ново во програмите на SEDC?

- Advertisement -

Како што кажавме целата ситуација нè мотивираше и поттикна да размислуваме за голем број иновации. Така ја создадовме и новата веб платформа за online обуки, кадешто можете да одберете обука во реално време со инструктор или обука која со помош на интегрираниот Learning Menagment System ви е достапна 24/7. Тука се и вебинарите и специјалните понуди за сите оние кои посакуваат да бидат дел од новата индустриска револуција!

Оваа година ги најавуваме и двете нови академски програми за Data Science и Digital Marketing. Овие програми ги работевме со голема претпазливост и посебен сенс за реалната потреба на пазарот. Секоја година имаме подобрување и во тековните програми, а од тоа што не отстапуваме е фондот на часови. Па оттука, ги имаме најголемата и единствена Академија на пазарот за CloudOps Network Engineer со вкупно 820 часа во која се вклучени официјални програми на Microsoft и Cisco, академиите за Security Specialist со вклучена официјална програма на EC-Council, Software Tester која ги покрива официјалните испити ISTQB FL и ISTQB AT, како и академиите за дизајн и програмирање на коишто повторно не се „штеди“ на наставата и со над 500 часа можеме да зборуваме за комплетни и сериозни академски програми.

Дали SEDC понуди обуки во рамките на програмата за ваучери за дигитални вештини?

- Advertisement -

Најголем дел од обуките на новата online платформа и сите академски програми се наоѓаат на листата на обуки за дигитални вештини, а сите млади лица од 18 до 29 години можат да аплицираат за ваучер кој покрива 50% од обуките до 60.000 денари или 30.000 денари за обуки и академии над 60.000 денари. Ваучерите се со ограничен број, па сите заинтересирани ги повикуваме да аплицираат на следниов линк со цел да им помогнеме во процесот на официјалната регистрација која трае најдоцна до 1 август.

Сподели!
- Advertisement -