Промоција на парфемот Acqua di Parma Chinotto di Liguria, ново издание од линијата Blu Мediterraneo

- Advertisement -

Мирис кој носи ведрина, кој потсетува дека радоста е дел од животот – тоа е мирисот на Acqua di Parma Chinotto di Liguria, ново издание од линијата создадена со многу љубов  – Blu Мediterraneo.

Мирисните ноти на парфемот имаа прилика да ги почувствуваат гостите на официјалната промоција што се одржа вчера, во парфимеријата Anabella Мериот во Скопје.

- Advertisement -

Настанот започна со презентација на брендот од страна на Ана Цветановиќ, бренд менаџер за Acqua di Parma од компанијата DP Lux.

Присутните гости се запознаа со новиот парфем, кој презема водечката позиција кога станува збор за еден од најубавите и најретки плодови на италијанскиот Медитеран – киното. Екстремно популарно овошје на почетокот на 20 век, со текот на времето опаѓа, за потоа повторно да доживее просветлување благодарение на интуицијата на новите генерации кои се наследници на ова мирисно богатство.

- Advertisement -

Аcqua di Parma го одбра за овој уникатен мирис кој совршено го претставува софистицираниот животен стил и природна убавина на регионот. Суштината на сето ова сега се наоѓа во парфемот Chinotto di Liguria.

- Advertisement -

Ова овошје е единствено и незаборавно како и регионот од кој потекнува  – Лигурија. Станува збор прекрасна област која се наоѓа во Северна Италија, сместена на познатата италијанска ривиера – шармантна комбинација на плажа со бел песок, робусни планини и ридови.

Кампањата за Chinotto di Liguria, чие име е „Just Breathe“ направена е живописно за да ги инспирира гледачите само да издишат и да уживаат во глетката.

Истата, става акцент на моментите кои живот значат. Една приказна открива млади жени и еден човек кои шетаа на плажа, уживајќи во мирисот од бербата на ова слатко овошје. Се сеќаваат на украдените моменти, сликите си играат со боите кои Acqua di Parmu го претвораат во икона: жолта, сина, црна и бела.

Ова е можност да се проба  нов сензационален мирис кој ја претставува суштината на медитеранската арома – создава нова и свежа состојба на умот која дозволува да се поврзете со сите околу вас. Мирисот што носи ведрина во животот – Blu Mediterraneo Chinotto di Liguria.

Acqua di Parma Chinotto di Liguria имате можност да го најдете ексклузивно во парфимеријата Anabella Мериот.

 

Сподели!
- Advertisement -