Иновативната компанија Cashback World која е постојано во чекор со светските трендови и новости, оваа година го промовираше најновиот производ „eVoucher“.
Како компанија која се адаптира на дигиталните потреби во современиот онлајн свет, Cashback World е пионер со многу иновативни решенија. Членовите на Cashback World треба само да ја покажат својата Cashback картичка при плаќањето кај некој од 120.000 партнери во светот за да ги добијат членските предности во форма на Cashback и Shopping Points. Со цел искуството при пазарувањето да биде уште попривлечно за членовите, Cashback World им ја дава на располагање бесплатната Cashback App која моментално е актуелна на пазарот со eVoucher.
eVoucher е достапен преку бесплатната мобилна апликација Cashback App. При самото плаќање со eVoucher членот веднаш добива Cashback и шопинг поени. Преку шопингот со eVoucher, корисниците можат да платат и да профитираат за неколку секунди! На овој начин шопингот со предности е уште поедноставен, помобилен и попривлечен за корисниците. Бесплатната апликација Cashback App може да се преземе преку App Store за iOS или преку Google Play Store за Android. Оттаму може да се нарача eVoucher и да се искористи веднаш при купувањето кај голем број познати брендови во Македонија (овој број секојдневно се зголемува) – брзо и без компликации.
„Времињата се менуваат, а со тоа и потребите на луѓето. Нашата цел е на нашите членови да им овозможиме враќање пари при секое купување на наједноставен и најбрз начин. Воведувањето на овој нов начин на плаќање ќе го забрза процесот на реализација на членските предности и ќе им овозможиме на нашите членови уште поголемо уживање во шопингот. Навистина сме горди на нашата компанија која не само што ги следи светските трендови туку и ги создава истите“ изјави Радован Витошевиќ, директор на Мајворлд Македонија ДООЕЛ Скопје и Мајворлд Бугарија ЕООД, оператори на Cashback World во овие земји.
Повеќе за новиот производ eVoucher и начинот на користење прочитајте на овој линк.