-7.2 C
Skopje
вторник, јануари 25, 2022

Експертите предупредуваат: веќе во 2030 година можна е катастрофа на Земјата

Kabtel desktop

Светот мора да направи брз транзиција бес преседан во поглед на начинот на кој ја користиме енергијата за храна, патување и за животот воопшто ако сакаме да го ограничиме глобалното затоплување на 1,5 степени, предупредуваат експертите на Обединетите нации за климатски промени.

„Ако затполувањето продолжи да расте со сегашното темпо, под влијание на емисијата на стакленички гасови тоа зголемување за 1,5 степени ќе се достигне меѓу 2030 и 2052 година“ се наведува во извештајот објавен во Јужна Кореја.

Промените кои треба да се спроведат со цел ограничување на затоплувањето на планетата се однесува на консумацијата на енергија, на индустријата и инфраструктурата. Во извештајот, кој го одобрија и претставници н владата по сесиите со научниците, се укажува на зголемените ризици доколку загревањето порасне за повеќе од 1,5 степени.

Изминатите 18 години беа најтоплите од 1850 година, кога почна мерењето, досега. Научниците сметаатд ека глобалното затоплување главно се должи на стакленичките гасови , меѓу кои особено јаглерод диоксидот кој се добива од фосилните горива како што се јагленот, нафтата и гасот.

Доколку се исполни таргетот затоплувањето да се задржи на 1.5 степени, нивоата на морињата и океаните ќе пораснат за 0,1 метри помалку до 2100 година отколку ако се оствари зададениот таргет од Парискиот климатски договор од 2 степени. Тоа ќе спречи големи поплави и на луѓето кои живеат на крајбрежјата, на острови или во близина на реки ќе им даде повеќе време за адаптација.

 

Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!