Facebook лансираше сопствена социјална таблет камера

- Advertisement -

Како што беше и најавено, Facebook ја лансираше Portal, камерата со таблет или обратно, која ќе ви злужи за видеоповици или како гласовен асистент, бидејќи во себе има интегрирана Alexа. Со помош на овој гаџет сега ќе можете да правите видеопреноси во живо со своите пријатели на Facebook за да видите што прават во секој момент кога се дома или да делите совети како да се облечете, како да направите јадење итн. 

Ако се плашите за својата приватност, Facebook на објективот на камерата има поставено „клапна“ која ќе го исклучи преносот на видеата и звукот кога ќе посакате, пишува Vidi.hr. Како и другите паметни „home” уреди, Рortal се активира со фразата „Еј Рortal”, a од Facebook тврдат дека нека ни да ги прислушкуваат ни да ги гледаат вашите видеоразговори затоа што се енкриптирани и секогаш безбедни. 

- Advertisement -

Не е познато каков хардвер има камерата, а со оглед на тоа дека Facebook досега не се занимаваше со производство на гаџети, има некои сомнежи во врска со квалитетот. Најевтината верзија со екран од 10,1 инчи чини 199 долари, додека најскапата со екран од 15,6 инчи чини 359 долари. Facebook има и акција „купете две, заштедете 100 долари“.

Сподели!
- Advertisement -