Наоѓањето полнач за електричен автомобил може да стане малку полесно затоа што Google денс најави дека ќе додаде поддршка во Google Maps за електричните полначи. И полначите на Tesla и на Chargepoint ќе бидат додадеи во iOS и Android верзиите на апликацијата, а поддршката за десктоп верзијата ќе биде готова во наредните неколку недели.
Google Maps ќе поддржува и различни мрежи за полнење во различни земји. Ќе ги покажува полначите на EVgo, Blink и на emaConnect во САД; Chargemaster и Pod Point полначите во Велика Британија. Полначите кои се во близина ќе ги покажува кога на Google Maps ќе се внесе пребарување од типот на „EV charging“ или “charging stations“. Maps ќе вклучи информаци за типот на приклу;оци кои ги има на локациите.
Кога ќе се постават некои нови полначи нема да бидат толку брзи како на автобуска станица. Тие ќе можат да бидат офлајн од повеќе причини. Може да се игнорираат правилата за паркирање само електрични возила, а понекогаш пребирливите сопственици на бизниси ги бркаат луѓето кои се паркираат на кратко.
Потребно е доста време за да се наполни еден автомобил со струја до половина, а уште повеќе за да се наполни целосно.Социјалната компонента на апликации од типот на PlugShare, па дури и апликацијата на Chargepoint помага да се решат тие проблеми така што ќе се поттикнуваат возачите постојано да го апдејтираат статусот на полначите, проблемите и да понудат совети за најдобро полнење.
Едно нешто што нема да има новата опција на Google Maps е можноста да се провери дали некои станици за полнење се зафатени в моментот. Тоа значи дека возачите нема да знаат со сигруност дали полначите се слободно пред да дојдат на локацијата.