1.8 C
Skopje
петок, февруари 3, 2023

Велика Британија го казни Facebook со половина милион фунти

Kabtel desktop

Британскиот комесар за информации го казни Facebook со максимални 500.000 фунти поради однесувањето на компанијата во скандалот со компанијата Cambridge Analitica. Истрагата на регулаторното тело покажа дека Facebook од 2007 до 2014 година нечесно ги обработувал личните податоци на корисниците и со тоа им  давал пристап на програмерите без согласност на корисниците.

Изречената казна веројатно е најголемата можна според законот кој бил на сила во времето на кршење на прописите. Да се случеше скандалот по усвојувањето на нови прописи за заштита на податоците, износот би бил многу поголем.

Социјалните мреќи се најдоа под голем притисок по наводите дека консултантската компанија Cambridge Analitica ги користела податоците на десетина милиони корисници на Facebook  за да ги профилира избирачите и да му помогне на Доналд Трамп во предизборната кампања во 2016 година.


Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!