6.1 C
Skopje
вторник, декември 10, 2019

Волани со вграден ЕКГ ќе го следат срцето и ќе спречуваат срцеви удари

Kabtel desktop

Британската компанија B-Secur развива технологија која ќе овозможи ставање метални сензори во воланите на автомобилите за да можат да го следат срцевиот ритам на возачите. Вградените електрокардиографи или ЕКГ ќе можат да го следат здравјето на возачите и уникатната работа на нивното срце.

Автомобилите од иднината ќе можат потоа тие информации да ги искористат за да детектираат евентуални аномалии кои би можеле да резултираат ск претеран стрес, премореност, а дури и аритмии. Засега ЕКГ може да се прави само со скапа опрема и прикачени десет електроди на телото.

Компанијата од Белфаст работи на минимизирање на технологијата за да се овозможи прецизно мерењеод одредена точка на воланот. Работата на срцето кај луѓето е уникатна за секој поединец и деталната аналитика би можела автоматски да ја прилагоди работата на автомобилот на преференците на возачот.

Од B-Secur проценуваат дека сдо 2020 година оваа нивна иновативна технологија ќе може да се комерцијализира. Моментално тие соработуваат со повеќе автомобилски компании. Алан Формен, извршен директор на B-Secur, изјави: „Електрониката во автомобилите, како што е воланот, на пример, ќе може да детектира срцеви сигнали и да го следи здравјето на возачите во врска со различни проблеми како што се сстрес, препоренот и аритмија“.

B-Secur моментално произведува алгоритми базирани на ЕКГ за биометрика која се користи за идентификација и повеќе медицински инструменти.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •