7.8 C
Skopje
понеделник, октомври 3, 2022

SD картичката ќе стане историја – Huawei има нешто што ќе ја замени

Kabtel desktop

Класичната SD мемориска картичка, која денес е речиси неизоставен додаток на секој паметен телефон, може да стане историја. Барем ако се прашува тимот на Huawei. Имено, Huawei претстави нова мемориска картичка, за којашто тврди дека би можела да ја замени SD картичката. Станува збор за наномемориска картичка, која по својата големина е идентична на нано СИМ картичките.

Идентичната величина ќе го олесни нејзиното кориустење кај паметните телефони кои имаат простор за две СИМ картички или комбинација од СИМ картичка и мемориска картичка. Освен големината, главната предност на наномемориската картичка е тоа што на неа можат да се складираат многу податоци, кои можат да се префрлат со брзина од 90MB/s.

Наномемориски картички засега произведува само Huawei, но ако таквиот формат го прифатат и фруги производители, тоа навистина може да ги испрати SD картичките во историјата и да го направи животот на многу корисници на паметни телефони многу поедноставен.


Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!