Вештачката интелигенција ќе ја смени и козметичката индустрија – и парфемите ќе ги прават роботи

- Advertisement -

Вештачката интелигеција веќе протресе многу индустриски сектори, а се чини дека наредна е индустријата за козметика, поконкретно за парфеми. IBM Research и компанијата Symrise, која е голем глобален производител на вкусови и ароми за звучни имиња како Estee Lauder, Coty и брендот за парфеми на Victoria’s Secret, L Brands, го направија првиот парфем создаден од вештечка интелигенција, кој е готов за продажба.

AI алатката наречена Philyra користи алгоритам машинско учење за да се изучи 1,7 милиони формули кои можат да го идентификуваат „белиот простор“ пред да предложат не само нови формули кои ќе ги сакаат потрошувачите, тку и комбинации на кои не им текнало на производителите на парфеми.

- Advertisement -

На пример, кога вештачката интелигенција требало да направи најреативна верзија на некој парфем од пред 12 години, таа генерираа формула која ги отстранила сите застарени ароми и ја зголемила концентрацијата на сандалово дрво. Исто така, го додала кедровото дрво кое исто така е популарна состојка на парфeмите денес.

Вештачката интелигенција е единствената иновација која се случила во индустријата за парфеми после воведувањето на синтетичките молекули во 1800-тите години. Процесот на создавање парфем трае од шест месеци до четири години, но со вештачката интелигенција беше околу една година. Најголемо изненадување е дека вештачката интелигенција постојано се обидуваше и правеше нови иновативни работи. Таа носи сопствени одлуки за тоа како треба да мириса еден парфем и ни даде многу нови идеи“, велат од Symrise.

- Advertisement -

Како дел од проектот, IBM и Symrise направија два парфеми за миленијалците за најголемата козметичка компанија во Бразил, O Boticário. Откако анализирале што им се допаѓало на миленијалците во минатото, вештачката интелигенција направила неколку предлози пред компаниите да се одлучат за две од нив. По позитивните реакции кај корисниците, O Boticário ќе почне да ги продава двата парфеми во 2019 година.

Сподели!
- Advertisement -