14.9 C
Skopje
недела, ноември 17, 2019

ВИДЕО: Apple го претстави новиот MacBook Air

Kabtel desktop
Американскиот технолошки гигант Apple го претстави новиот модел на MacBook Air кој што сега пристигнува со познатиот „Ретина“ дисплеј.

Освен „Ретина“ екранот, новиот MacBook Air има за 50% потенки рабови и дизајн сличен на стандардниот MacBook со подобри компоненти. Доби 13,3-инчен екран, два USB-C портови и 3,5 мм влез за слушалки.

Новиот MacBook Air е тежок само 1,24 килограми и поседува Touch ID технологија за логирање и истиот Т2 процесор кој што го имаат минатогодишниот MacBook Pro и iMac Pro. Сепак, кај овој модел недостасува TouchBar, што сепак можеби е и позитивна вест за одреден дел од корисниците кои што сметаат дека тоа е непотребно.

Според многумина, овој уред во суштина е модерен MacBook Pro во димензии на Air дизајнот, а ја поседува и истата тастатура од третата генерација. Новиот MacBook Air пристигнува со осмата генерација на Интел dual-core процесорот со интегрирана графичка карта до 16 GB RAM меморија и секако SSD меморија.

Основниот модел на новиот MacBook Air има 8 GB RAM меморија, 1,6 GHz Core 15 процесор и 128 GB SSD меморија, а чини 1,199 долари.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •