5.9 C
Skopje
вторник, октомври 20, 2020

Финален регионален бизнис натпревар во Скопје, поддржан од Фондот на Западен Балкан

Kabtel desktop

По заедничките натпревари во Белград и Сараево, победниците на проектот ЛИДЕР од Србија, Македонија и Босна и Херцеговина, по трет пат ќе ги презентираат своите бизнис идеи, пред меѓународно жири на Финалниот регионален бизнис натпревар, поддржан од Фондот на Западен Балкан, кој ќе се одржи на 7 ноември во хотел Мериот (АБЦ), од 13 до 15 часот, во склоп на Самитот Македонија2025.

„Со нетпрение очекуваме да ги видиме презентациите на осумте финалисти, со што би го прогласиле регионалниот победник на натпреварот. Сметаме дека преку поддршката од Фондот на Западен Балкан, навистина се зајакна регионалната присутност на самиот проект ЛИДЕР, што секако помогна во зголемувањето на соработката меѓу претприемачите од трите земји“ велат претставниците на трите инволвирани организации CANSEE (Canadian Serbian Business Association), Macedonia2025 и Restart.

На почетокот на натпреварот ќе се обратат: Антоанета Иванова – координатор на проектот и координатор за комуникации во WBF, Џон И. Битов Помладиот, претседател и извршен директор на „Обелиск“ и Билјана Марковиќ- Стаменова, извршен директор на Македонија2025.

Реномирани меѓународни бизнис професионалци од македонско потекло ќе бидат дел од жирито. Овој регионален натпревар за презентирање на бизнис идеи е овозможен благодарение на проектот „Зајакнување на меѓународната соработка и врски во Западен Балкан преку контакт на млади претприемачи“, финансиран од Фондот за Западен Балкан, кој е основан со цел да се финансираат мали и средни проекти од областа на образованието, одржливиот развој и човековите права во земјите од Западен Балкан.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •