Во дигиталниот свет големината не е битна! Секој има исти шанси за успех!

- Advertisement -

Сесилиа Хјертзел (Cecilia Hjertzell) e жена-претприемач од Шведска, со-основач на интернационална мрежа на маркетинг директори од иднината „CMO goes Tech“ и учесничка на претстојниот Самит Македонија 2025.

Иновативност направи интервју со нејзе на тема дигитализација, иднина на маркетингот и потрошувачките навики!

(Разговараше- Верица Јорданова)

Вие сте соосновач на „CMO goes Tech, интернационална мрежа на маркетинг директори од иднината. Може ли да ни кажете како функционира оваа мрежа? Која е целта на мрежата и можат ли да се приклучат македонски компании?

Мојот партнер Гил Хепер и јас ја основавме „CMO goes TECH“ на почетокот на 2018 година со цел да креираме мрежа за маркетинг директори кои прифаќаат како дигитализацијата ја менува нивната улога. Со дигитализацијата традиционалниот маркетинг се менува за бренд искуство кое е повеќе фокусирано на корисниците и опфаќа се од иновација на производи, дигитален развој до содржини со специфична цел.

- Advertisement -

Omnichannel во иднина ќе биде помалку фокусиран на уреди и корисничкото искуство ќе мора да ги вклучува сите аспекти на сите нивни потреби од системи, комуникација до производи со цел нивното искуство да биде што позадоволително. Дигиталната трансформација која опфаќа повеќе иновирање и поголемо задоволство кај корисниците не само што има потреба од организациска подготвеност, туку и соодветни компетенции. Нашата амбиција е да ги опремиме маркетинг директорите со компетенциите и знаењето потребни за во иднина. На нашите состаноци досега разговаравме за блокчеин, вештачка интелигенција, дитигална трансформација, а наредна тема е сајбер безбедноста и сето тоа од аспект на маркетинг директорите. Низ разговорите споменуваме добро познати имиња како Amazon, Ericsson, Sana Labs и Eyeonid. Исто така, спроведуваме истражување за употребата на маркетинг технологијата во Европа. Нашиот прв извештај се однесуваше само на Шведска, но оној што ќе биде објавен во јануари 2019 година ќе опфати повеќе земји од Европа. Членувањето во мрежата е бесплатно и нашата амбиција е наскоро да бидеме во можност да држиме состаноци во различни европски градови. Претставниците од македонските компании се повеќе од добредојдени да ни се приклучат. Зачелнувањето се врши на линкот https://cmogoestech.com/members-login/

Денес сите зборуваат за дигитализација. Тој поим во секоја индустрија има друга форма, но што значи всушност? Зошто дигитализацијата е битна за организациите и компаниите? Како изгледа процесот на дигитализација во една мала компанија/земја наспрема некоја голема компанија/земја?

- Advertisement -

Трите мегатрендови кои денес се актуелни се: глобализација, дигитализација и урбанизација. Од многу аспекти, тие се меѓусебе поврзани. Светот станува се помал поради поголемите конекции меѓу земјите. Многу компании кои имаат дигитален бизнис модел и се навистина глобални од типот на Facebook, Airbnb, Spotify и Netflix опслужуваат глобален пазар со истиот тип услуга, без разлика каде живеат корисниците. Скалабилноста на дигиталните услуги добро функционира во еден глобален пазар. Дигитализацијата, исто така, овозможува повеќе услуги за корисниците без оглед на нивната локација. Одењето во банка, резервирањето маса во ресторан или инвестирањето на берза не беше возможно 24/7 пред 20 години. Денес е чудно да појдам во физичка банка и не очекувам да разговараме со банкар затоа што чет ботовите обезбедуваат подобра услуга врз основа на моите лични податоци. Со се поголемата компјутерска моќ, поголемиот број напредни техники за вештачка интелигенција и информациите кои ни се на располагање, нивото на дигитализација уште повеќе ќе се покачува. Досега дигитализацијата се однесуваше на уредите и интерфејсите, но сега дигитализацијата ќе ја има во сите аспекти на животот. Со цел да остане конкурентна, една организација ќе мора да ја прифати дигитализацијата, а најдобриот момент е дека и малите компании/земји ќе ги имаат истите шанси да успеат како и големите затоа што бизнис идејата и брзината на реализација определуваат дали ќе успеете или не. Големината не е битна.

Може ли да наведете некој пример од вашето искуство каде што е направен успешен процес на дигитализација и кои позитивни ефекти ги имал?

- Advertisement -

Омилениот пример за мене е BankID во Шведска со 7,5 милиони активни крисници. Има многу услуги каде што жителите можат да ја користат нивната BankID за дигитална идентификација, како и за потпишување трансакции и документи. Услугите се различни: од онлајн и мобилно банкарство, е-трговија до пријавување даноци. Услугите ги нудат владата, општините, банките и некои компании. BankID се користи и за идентификација и за потпишување. Според шведските закони и законите во Европската унија, BankID е напреден потпис и потписите направени со BankID се законски обврзувачки.

BankID функционира одлично со услугата Swish, односно системот за мобилно плаќање во Шведска. Услугата беше лансирана во 2012 година од страна на шест големи шведски банки во соработка со Централната банка на Шведска. Во септември 2018 година 6,5 милиони луѓе од популација 9,5 милиони ја користеле Swish.

Услугата фунцкионира со апликација за телефон, преку која телефонскиот број на корисникот се врзува за банкарската сметка, што значи дека може во реално време да се префрлаат пари, а по неколку секунди стигнува потврда до двете страни.

[quote]Овие две дигитални услуги се многу битни за трансформацијата на Шведска во земја без готовина, затоа што овозможуваат евтини и ефикасни трансакции меѓу повеќе дилери и консументи[/quote].

Иновациите во маркетингот и корисничките трендови се во вашиот фокус. Кои се последните трендови во маркетингот?

Годинава во фокусот се податоците и автономноста. Базата на податоци за светот се креираше во последните три години. Количината податоци во комбинација со поголемата компјутерска моќ и складирањето во облак, како и повеќето услуги со вештачка интелигенција ни овозможуваат да направиме автономни услуги и услуги базирани на податоци. Во 2019 година услугите на ботот ќе станат стандардни за повеќе услуги. На пример, ќе му кажам на мојот дигитален асистент како Amazon Alexa да ми го најде најдоброто осигурување за мене. Alexa ќе направи пребарување и ќе склучи договор со ботот од банката. Но, во еден свет каде што има поголема дигитализација сајбер безбедноста ќе биде многу битна за секоја компанија.

[quote]Во еден свет каде што има поголема дигитализација сајбер безбедноста ќе биде многу битна за секоја компанија. [/quote]

Имате ли некој совет за македонските компании? Како да направат дигитална трансформација која ќе вклучува иновации и поголемо корисничко задоволство?

Почнете со идентификација на корисничкото искуство и мапирајте го во согласност со податоците. Осигурете се да бидете блиску до консументите и да работите со нив. Не се фокусирајте на тоа што се случува во Европа зашто најбитните случувања се во Азија.

[quote]Не се фокусирајте на тоа што се случува во Европа зашто најбитните случувања се во Азија. [/quote]

Што очекувате од Самитот 2025 и што можеме ние да очекуваме?

Ова е првата моја посета во Македонија, но од она што го видов од програмата и организацијата на конференцијата, имам високи очекувања. Очекувам да видам интересни говорници кои ќе ја споделат својата визија за во иднина. Од моја перспектива, сакам да споделам што е можно повеќе од моето искуство и знаење.

Сподели!
- Advertisement -