Ова се петте најскапи продукти во светот

- Advertisement -

Гурманите ширум светот сакаат да пробуваат ексклузивни и ретки продукти, состојки и зачини. Ако и вие сакате да експериментирате, а можете да си го дозволите тоа, оваа листа ќе ви биде од помош.

1. Шафран

Шафранот е поскап и од златото и тоа бидејќи процесот на жетвата е многу интензивен. Шафранот е сува, цврста билка. Секоја садница има три стебла и секое стебло мора да се набере со рака и да се исуши на воздух. Потребна е огромна количина цветови, односно садници на површина колку фудбалско игралиште за да се произведе половина килограм сув зачин или околу 40 часа работа за да се наберат сите цветови. Шафранот се продава во многу мали количини затоа што е доволно силен за мали ронки да создадат силен вкус. Најдобар шафран е шпанскиот „coupe grade“ – 2 грама се продаваат за 20 долари.

- Advertisement -

2. Хавајска вода „кона нигари“ 

Најскапата вода на светот доаѓа од дабочина од 610 метри под океанот кај Хаваи. Затоа што водата се зема од толку голема длабочина, не е загадена и се верува дека помага за слабеење и за подобар изглед на кожата. Оваа вода е многу популарна во Јапонија и 750 мл вода чини 402 долари.

- Advertisement -

3. Бели италијански тартуфи

Белите тартуфи се многу скапи затоа што се ретки и единствено се достапни во текот на неколку месеци во годината и тоа во еден дел од Италија. Ги наоѓаат посебно дресирани свињи и кучиња. Половина килограм чини и до 2.000 долари.

- Advertisement -

4. „Вагју“ говедско месо

„Вагју“ говедското месо доаѓа од Јапонија. Ова говедско месо има масти кои се топат на ниски температури, па месото е многу сочно. Половина килограм од ова месо чини околу 100 долари.

5. Кавијар „алмас“

Кавијарот отсекогаш бил симбол на луксузот, но најскапиот кавијар на светот е иранскиот „алмас“вкавијар. Тоа е речиси безбоен кавијар кој се прави од сто години стари албино есетра од Каспиското Море. Кавјарт „алмас“ се продава во позлатени кутии и килограм чини 25.000 долари.

Сподели!
- Advertisement -