7.6 C
Skopje
четврток, ноември 21, 2019

Во Париз ќе биде лансирана најголемата флота електрични велосипеди во светот

Kabtel desktop

Регионот на Париз планира да ја лансира најголемата флота од електрични велосипеди во светот. Овој проект е финансиран од владата со цел луѓето кои секој ден патуваат од работа до дома и обратно да не придонесуваат за поголемо загадување и поголем сообраќаен метеж.

Од септември 2019 година регионалната компанија за транспорт Ile-de-France Mobilités ќе обезбеди 10.000 електрични велосипеди за долгорочно изнајмување, а плановите се флотата да се зголеми на 20.000 и да стане најголемата програма за изнајмување електрични велосипеди во светот.

Целта на услугата Veligo е да се поттикнат луѓето да одат до работа со велосипед. Моментално луѓето кои возат велосипед до работа се 1,6% од жителите во овој дел од Париз. Со Veligo ќе управуваат повеќе компании, меѓу кои компанијата за поштенски услуги и транспорт Transdev, а буџетот ќе изнесува 11 милиони евра.

Ова ќе биде додаток на шемата Velib во Париз, која послужи како модел за споделување велосипеди во целиот свет, но има проблеми откако со неа управува нова компанија. Досега само помовина од ветенитњ 20.000 електрични велосипеди се пуштени во употреба.

За разлика од велосипедите на Velib, кои се изнајмуваат на пократок период од еден или повеќе часа и мора да се остават на посебни постојки, велосипедите на Veligo ќе остануваат кај изнајмувачите. Изнајмување на велосипед за еден месец ќе чини 40 евра, а половина од парите ќе можат да ги даваат работодавците.

Еден електричен велосипед чини од 1.500 до 2.000 евра. Во Франција минатата година биле продадени околу 250.000 електрични велосипеди, што не е ништо во споредба со 2,7  милиони обични велосипеди.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •