Бизнис ангели инвестираат во млада хрватска компанија вредна 500.000 евра

- Advertisement -

Единаесет членови на Хрватската мрежа на бизнис ангели CRANE за гејминг студиото Hyperion ја обезбеди досега најголемата инвестиција. Тие одлучија да инвестираат во стартапот на младиот тричлен тим кој пред неколку месеци самостојно ја издаде компјутерската игра за преживување Journey of Life. Во тој период играта има приходи од 33.000 евра.

Основач на стартапот е 22-годишниот Адриано Жежелиќ, а покрај него во тимот се и Германецот Томас Лесниовски и Индиецот Сиданте Нагла, а проектот им е претставен на Стартап средата на CRANE. Инвеститорите ја проценија вредноста на компанијата на 500.000 евра, а на бизнис ангелите ќе им припаднат нешто помалку од 20% од новооснованата компанија со седиште во Лондон.

- Advertisement -

Во стартапот прво инвестираше претседателот на CRANE, Даворин Штетнер, а потоа и Хрвоје Првич, како главен инвеститор и член на управниот одбор на CRANE, како и Аљоша Домијан, Звонимир Орешар, Денис Матијевиќ и Никола Сердар.

„Сакам да видам кога некој ќе успее да лансира нешто толку сериозно, па затоа сметам дека сега со помош на парите и советите на искусни бизнис ангели ќе му помогнеме на Адриано да си ги оствари своите амбициозни планови“ вели Штетнер.

- Advertisement -

„Како страстен гејмер, кој отсекогаш гаел љубов кон компјутерите, проектот почнав да го планирам во 2016 година, а со реализацијата почнав во октомври 2017 година. Годинава одлучив да го остварам својот сон и го основав студиото Hyperion, а играта ја пуштив во продажба на почетокот на мај“, се присетува Жежелиќ.

Од лансирањето на играта досега продадени се повеќе од 1.600 примероци, а приходите им ги покриваат платите, програмите и серверите. Со оглед на тоа дека играта е на самиот почеток, велат дека не очекувале многу.

- Advertisement -

„Добивме голема поддршка од играчи од целиот свет, пто ни помогна да го одржиме проектот. Секојдневно комуницираме со луѓе кои се приклучија на нашата група на Discord, со кои споделуваме нови работи. Поддршката од искусни бизнисмени многу ни значи и се радуваме на соработката со CRANE затоа што сметам дека со одредени бизнис совети, пари и помош во други сегменти студиото Hyperion може да стане светско име во гејминг индустријата“ се надева младиот основач.

Играта на Hyperion моментално е само за на компјутер, а наскоро излегува и мобилна верзија, која на пазарот ќе се најде во втората половина од идната година.

Сподели!
- Advertisement -