Популарната хрватска апликација Photomath доби 6 милиони долари

- Advertisement -

Едно лице од хрватската ИТ сцена веќе долго време постигнува фантастични резултати на глобално ниво – Дамир Сабол со апликацијата Photomath. Photomath е фантастична апликација за (не)математичари, која на луѓето им го олеснува решавањето математички задачи, а сето тоа во соработка со паметен телефон.

Кога Photomath беше пуштен на пазарот беше една од најпопуларните апликации, а до денес успешно е преземена повеќе од 100 милиони пати.  Зад фантастичните резултати стои одлична идеја и реализација на проект кој има за цел да го олесни пресметувањето  на сложените математички задачи.

- Advertisement -

Покрај тоа што за апликацијата се заинтересирани многуборјни корисници, исто така се заинтересирани и многу инвеститори. Има неколку битни инвеститори за апликацијата, а меѓу најзначајните се истакна акериканскиот фонд за ризичен капитал Goodwater Capital. Тие неодамна во Photomath инвестираа дури 6 милиони долари, што е одлична основа за понатамошен развој на апликацијата.

Сподели!
- Advertisement -