Viber ќе овозможи чет групи за милијарда корисници

- Advertisement -

Апликацијата за размена на пораки и бесплатни повици Viber наскоро ќе добие уникатна можност во рамките на Viber Communities. Новата опција ќе овозможи правење чет групи со рекордни милијарда корисници, но засега тоа е тешко да се провери.

Освен оваа опција, Communities чет групи ќе имаат и опција за едноставно приклучување на групите со притискање на копче, а секој новодојден член на групата ќе може да ја види целата историја на разговорот во групата, додека администраторите ќе можат за „залепат“ пораки на врвот од разговорите. Оваа функција веќе би требало да биде достапна за корисниците на најновите верзии на апликацијата Viber за Android и iOS.

Сподели!
- Advertisement -