9 C
Skopje
четврток, ноември 14, 2019

Кафуле во Токио вработува само парализирани луѓе

Kabtel desktop

Во последно време постојано се пишува за тоа како роботите ќе ни ги земат работните места, но наместо тоа една група вработени максимално ги искористува способностите на роботите. Во кафулето Dawn кое се отвори во Токио работат само парализирани луѓе, кои од своите домови контролираат роботи. Всушност, во кафулето роботите се тие кои ја вршат работата.

Со помош на посебна технологија тие можат да го контролираат својот робот и да послужуваат пијалаци.Кафулето е лоцирано во седиштето на филантропската непрофитна организација Nippon Foundation во центарот на Токио. Персоналот може и да комуницира со клиентите преку технологија за препознавање глас, а платата им е околу 9 долари на час.

Роботите кои се користат се викаат OriHime-D и се високи 120 см. Тие преку компјутерски терминал поставен во собата на парализираните луѓе се поврзуваат со нив и добиваат команди со кои се движат, комуницираат со луѓето и драт предмети во рацете. Софтверот е развиен со посебни камери кои ги следат движењата на очите на луѓето кои управуваат со роботот. Се што треба да направи парализираното лице е да се фокусира на некоја команда за роботот да ја изврши.

Комплицираната технологија која се користи била развивана неколку години. Кафулето Dawn е дизајнирано врз основа на изгледот на кафуле од популарниот анимиран јапонски филм „Time of Eve“. Во тој футуристички филм роботите и луѓето се рамноправни. Луѓето кои се одговорни за проектот велат дека на овој начин на луѓето на кои им се ускратени многу работи им се овозможува самостојно да заработуваат, да стекнат независност и да комуницираат со други луѓе. Кафулето засега е само привремена верзија, но одговорните се надеваат дека доколку проектот е успешен, ќе се отвори постојана верзија до 2020 година.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •