22 C
Skopje
среда, јуни 3, 2020

Ова се најплатените Youtube ѕвезди во светот

Kabtel desktop

Влијанието на YouTube на поп  културата не може да се занемари. Врвните ѕвезди на оваа платформа стануваат водечки инфлуенсери, а нивна желба е дневно да допрат до милиони следбеници. Бидејќи инфлуенсерите стануваат се повредни, многу познати јутјубери својот личен бренд успеаја да го претворат во компании вредни милиони долари. Бројни фактори влијаат на тоа колку ќе бидете успешни на YouTube, а сите најуспешни јутјубери си пронајдоа и нови извори на приходи преку огласи на нивните видеа. Исто така, некои од нив дополнителни приходи остваруваат со дизајнирање сопствеи колекции на облека или со гостување на ТВ, додека поединци своите приходи ги создаваат со турнеи или производство на играчки.

Forbes неодамна ја објави листата со најплатени јутјубери во светот. Топ 7 најплатени се:

7. VanossGaming – 17 милиони долари
VanossGaming е канал на канадскиот гејмер Еван Фонг. Во своите видеа Фонг се појавува многу ретко, користејќи оригинална уметност и комичен призвук. Исто така, под името Rynx стартуваше своја модна линија и продукција на музика.

6. Markiplier – 17,5 милиони долари
Марк Едвард Фишбах, попознат како Markiplier, повеќе од пет години беше еден од најпопуларните јутјубери за видеоигри, често сорбаотувајќи со други инфлуенсери. Фишбах за Forbes изјави дека му бил отстранет тумор од надбубрежната жлезда, раскинал со својата девојка и добил отказ пред да го стартува својот канал на YouTube, а денес има повеќе од 22 милиони следбеници.

5. Џефри Стар (Jeffree Star) – 18 милиони долари
Нркогаш познат како човек со најмногу следбеници на MySpace, Џефри Стар од 2014 година постигнува големи успеси на YouTube. Стар стартуваше своја колекција шминки, Jeffree Star Cosmetics, свој канал преку кој споделува совети за убавина и снима влогови. На неговиот канал можете да видите 11 милиони претплатници и околу 300 видеа.

4. DanTDM – 18,5 милиони долари
Австралискиот стример на видеоигри Дениел DanTDM Мидлтон минатата година беше најплатен јутјубер со заработка од 16,5 милиони долари. Заработката нагло му порасна поради светската турнеја и четирите распродадени претстави во Oпера хаус во Сиднеј.

3. Dude Perfect – 20 милиони долари
Dude Perfect е канал повеќе фокусиран на спортот кој содржи неверојатни трикови, а го водат поранешните студенти на универзитетот Texas A&M: близнаците Кори и Коби Котон, Гарет Хилберт, Коди Џоунс и Тајлер Тони. Нивните трикови привлекоа големо внимание поради што беа гости на познатата утринска емисија „Good Morning America“ и на неколку емисии на ESPN. Како што има растеше популарноста на Dude Perfect се појавуваа и професионални спортисти како Одел Бекам јуниор, Крис Пол и Дејл Ернхарт јуниор.

2. Џејк Пол (Jake Paul) – 21,5 милиони долари
За разлика од својот брат Логан Пол, Џејк Пол и понатаму бележи успеси на YouTube и секојдневно објавува влогови и рап видеа за повеќе од 17 милиони следбеници. Неговата интернет слава започна на недовршената социјална мрежа Vine, каде што имаше 5 милион следбеници и 2 милијарди прегледи на видеата.

1.Ryan ToysReview – 22 милиони долари
Овој најплатен канал на YouTube му припаѓа на седумгодишниот Рајан. Неговите родители во 2015 година почнале да ги бележат неговите рецензии за детски играчки и сега има повеќе од 17 милиони следбеници. RyanToysReview е еден од ретките канали на YouTube кои се поврзаа со partner.watch и Bonker Toys и стартуваа своја линија играчки и книги со YouTube ѕвезди.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •