6.7 C
Skopje
недела, декември 8, 2019

НАСА ја направи најблиската фотографија од Сонцето

Kabtel desktop

На средината на фотографијата може да се види и Меркур како една цветла точка. Исто така може да се види и коронална експлозија, односно соларен материјал во близина на најактивните региони од Сонцето.

Астрономите се надеваат дека мисијата Parker ќе обезбеди вредни податоци за подобро да ги разбереме мистериозните процеси на Сонцето. Сондата Parker Solar Probe ќе отиде на региони каде што луѓето не биле претходно и од НАСА се надеваат дека главно ќе обезбеди одговори на три најголеми мистерии.

Првата е зошто короната, односно атмосферата на Сонцето, е загреана до температура 300 пати поголема од површината под неа? Понатаму, како соларните ветришта се забрзуваат толку многу? Третата мистерија е како Сонцето може да исфрла некои честички со брзина половина од брзината на светлината?

Parker само што почна да испраќа податоци до научниците на Земјата, иако беше лансиран во август. „Не знаеме што да очекуваме  додека не ги добиеме податоците. Веројатно ќе видиме некои нови феномени“ велат научниците.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •