22 C
Skopje
недела, јули 5, 2020

Илон Маск дава бесплатен Tesla Model 3! Еве како можете да го добиете

Kabtel desktop

Сигурно ги гледате автомобилите на Teslа и се прашувате кога ќе можете да си дозволите да купите еден таков автомобил. Илон Маск за сите вас има понуда која не се пропушта. Тој одлучи да даде еден бесплатен Tesla Model 3, но за да го добиете мора први да успеете да го хакирате компјутерскиот систем на автомобилот.

Натпреварот се вика „Pwn2Own” и е осмислен за да се најдат грешките во интернет-пребарувачите и компјутерските програми, а ова е прв пат во него да учествува некој од автомобилската индустрија. Се одржува во рамките на конференцијата за компјутерска безбедност во Ванкувер, а освен Teslа, учествуваат и некои други технолошки гиганти како Microsoft и VMware.

Освен автомобилот, наградите за тие што ќе се пробијат во системот на Teslа ќе изнесуваат од 35.000 до 300.000 долари, во зависност од начинот на кој ќе го пробијаt и сериозноста на пропустот што ќе го откријат. Инаку, Tesla има своја програма за наградување на луѓето коишто ќе пронајдат грешки во нивниот систем, а во последно време ги зголемија наградите на неколку илјади долари.

Токму тие парични награди им помагаат на големите компании полесно да ги пронајдат и да ги отстранат грешките од своите системи и програми. Во случајот со Teslа, кинеската компанија Keen откри пропуст кој на хакерите би им овозможил да ги активираат кочниците преку безжична конекција. За тоа откритие, но и за уште неколку други помали се запишани во „куќата на славните“ на Teslа.

Ако мислите дека вие можете да го хакирате системот на Tesla, прочитајте ги правилата на официјалната страница на Zero Day Initiative.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •