14.8 C
Skopje
среда, ноември 20, 2019

Овој паметен часовник работи на сончева енергија и телесна топлина

Kabtel desktop

Компанијата Matrix Industries на годинашниот саем за потрошувачка електроника CES во Лас Вегас го лансираше својот паметен часовник Matrix PowerWatch 2, наменет за следење на здравјето и фитнес активностите. Часовникот доаѓа со многу стандардни карактеристики како следење на срцевиот ритам и педометар, екран во боја кој секогаш е вклучен, водоотпорност до длабочина од 200 метри, нотификации и GPS.

Но, она што е посебно интересно кај часовникот е дека работи целосно на обновлива енергија, односно на сончева енергија и на топлината која ја генерира телото од корисникот. Поради тие енергетски додатоци часовникот со помош на сончевата енергија и термоелектричните компоненти е сериозна конкуренција за другите паметни часовници и алки на пазарот. Теоретски, Matrix PowerWatch 2 не би требало никогаш да се дополнува со надворешни извори на енергија или да престане со работа.

Што се однесува на софтверот, PowerWatch 2 работи со сопствена фитнес апликација, но поддржува и Apple HealthKit, како и Google Fit. Засега часовникот може да се нарача во претпродажба на Indiegogo по цена од 200 долари, а малопродажната цена ќе изнесува 499 долари.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •