3 C
Skopje
сабота, февруари 22, 2020

Се тестираат уреди кои на наставниците ќе им кажуваат дали учениците ја следат наставата

Kabtel desktop

Дали во иднина професорите ќе го скенираат мозокот на вашето дете за да видат дали ја следи наставата? Ова американско технолошко чудо веќе е тестирано на 10.000 кинески ученици, а програмите се шират и на училишта и на други држави во светот. Ова контроверзно испитување вклучува поставување на една лента околу главата на учениците во која има вградени сензори кои ја мерат работата на мозокот за професорите да бидат сигурни дека не им лутаат мислите на учениците и се фокусираат на она што им се предава во училница.

Стартапот BrainCo од Масачусетс е уверен дека нивниот уред Focus EDU може да им помогне на наставниците и професорите нивните ученици полесно да ги совладуваат лекциите. За да проверат дали нивниот изум е ефикасен, склучија договор со претставници од кинеското образование и во тамошните училишта спроведоа тестирање кај учениците од 10 до 17 години.

Слични тестирања со помал опсег се спроведуваат и во училишта во САД, Мексико, Шпанија и во Бразил. Focus EDU е првиот интегриран уред за учење кој користи EEG технологија за детекција на работата на мозокот. Меѓутоа, бројни невронаучници се сомневаат во ефикасноста на уредот, а експериментите врз ученици предизвикаа загриженост за приватноста.

Учениците кои учествувале во тестирањата секој ден морале да издвојат половина час дома за на своите телефони да играат посебна игра на компанијата BrainCo. Наводно, таа игра ја подобрува концентрацијата на играчите.

Бишенг Хан е основач и извршен директор на BrainCo. Тој тврди дека после тестирањата учениците добивале подобри оценки на училиште, како и дека им било потребно помалку време за да напишат домашна работа. Во меѓувреме, компанијата веќе потпиша договор за испорака на 20.000 ленти Focus EDU на кинески дистрибутер. Секој уред наизменично ќе го користат повеќе ученици, а целта на Хан е да добие податоци од 1,2 милиони ученици.

Компанијата во меѓувреме спроведува пилот студија во едно средно училиште во Бостон. Таму на учениците ќе им понуди програма за опуштање со т.н. неурофидбек метода за да се подобри ефикасноста на учењето и резултатите на тестовите.

 

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •