5 C
Skopje
вторник, јануари 26, 2021

Со џебниот скенер Butterfly iQ секој може сам да си направи ултразвук на целото тело

Kabtel desktop

Американската компанија Butterfly Networks направи ултразвучен скенер кој може да се приклучи на iPhone и ќе може да се купи за 2.000 долари. Креаторот на овој скенер, Џонатан Ротберг, тврди дека овој скенер ќе има исто влијание врз здравствената заштита како и стетоскопот пред 200 години.

Скенерот Butterfly iQ може да скенира повеќе од два часа во континуитет. Вградената батерија и безжичното полнење овозможуваат целосна удобност при користењето на скенерот. Куќиштето на скенерот е направено од анодизиран алуминиум за да биде поиздржлив, да поднесе поголема топлина и најтешки надворешни услови. 

Од компанијата Butterfly Networks истакнуваат дека нивниот скенер е првиот џебен уред од овој тип, кој претставува прозорец во внатрешноста на човечкото тело. Користењето на уредот е поедноставено и сведено на неколку кликови и повлекувања, така што може да го користи секој што е способен да користи мобилен телефон.

Како што вели креаторот Ротберг, сигурно ќе има големо влијание на комуникацијата во здравството. Секоја ултразвучна снимка многу едноставно може да се испрати како порака, што во голема мера ќе им користи на лекарите и на пациентите во меѓусебната комуникација.

Џебниот ултразвучен скенер може да се нарача преку официјалната страница на Butterfly Networks, а наскоро ќе може и да се најде во малопродажба.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •