19 C
Skopje
понеделник, јуни 1, 2020

Apple ќе ги намали цените на iPhone за да се зголеми продажбата

Kabtel desktop

Директорот на Apple, Тим Кук, навести дека компанијата сака да ги намали цените на iPhone на некои места за да се подобри продажбата на овие уреди. Приходите од продажбата на iPhone имаат најголемо учество во вкупните приходи на Apple, а во последниот финансиски квартал паднаа за 15%. Вкупните приходи на Apple се помали за 5% во однос на минатата година и изнесуваат околу 84,3 милијарди евра. Тој пад беше очекуван откако технолошкиот гигант ги предупреди инвеститорите претходно овој месец дека приходите ќе изнесуваат околу 84 милијарди долари.

Компанијата овие проблеми делумно ги припишува на забавувањето на кинеската економија, но Кук вели дека потрошувачите имаат проблем и со високите цени на уредите. Додава дека поради силниот долар, уредите се поскачи и тоа влијае негативно на продажбата на пазарите во развој.

Како што велат, Apple ги менува цените на паметните телефони за да ги заштити корисниците од ефектите на флуктуацијата на валутата. За првиот квартал од годинава Apple предвиде приход од 55 до 59 милијарди долари, што значи пад од најмалку 3,4% во однос на минатата година. Apple не е единствената компанија која се соочува со пад на продажбата затоа што глобалната испорака на смартфони е намалена за 5%.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •