Кинезите предупредуваат – вештачката интелигенција може да предизвика „случајна војна“

- Advertisement -

Следниот глобален судир или војна меѓу две светски велесили би можел да почне сосема случајно. Така варем размислуваат дел од експертите и политичарите во Кина, кои се плашат дека вештачката интелигенција е потенцијална закан по глобалниот мир. Кинезите инвестираат огромни ресурси во истражување и развој на технологија, а тоа особено се однесува на развојот на вештачката интелигенција, поле каде што доминираат токму Кина и САД.

Една од честите шримени на вештачката интелигенција е во војската, а со понатамошен развој и зголемуваање на автономијата на борбените возила и дронови и со промена на начинот на комуникација (во иднина се повеќе ќе комуницираме во вештачката интелигенција) постои сериозна опасност дека поради некакво несогласување или делување на борбените возила може да започне сериозен конфликт, па дури и војна.

- Advertisement -

За такви сценарија се зборуваше во неодамнешниот извештај на Центарот за нова американска безбедност, кој делумно се базира на информации од Кина. Како причина за потенцијалниот судир посебно се истакнуваат дроновите, односно беспилотните летала кои се почесто се користат во воени цели. Разликата меѓу САД и Кина е во тоа што Кинезите веќе имаат поголемо ниво на автономија и речиси сами одлучуваат за напади, додека американските дронови имаат опција за основен автопилот.

Проблемот е во тоа што не е познато како ќе се интерепретираат одредени однесувања кои вклучуваат употреба на автономна опрема. Бидејќи станува збор за беспилотни летала, војските се подготвени да ризикуваат со нивно користење и да ги исрпатат на места каде што не би ги исрпатиле војниците затоа што нема ризик од човечки жртви. Но, ако автономното летало заврши на место каде што не би смеело да биде, апрашање е како ќе го прифати тоа другата страна, а ако е летало во кое нема луѓе, може и да го срушат. Друго прашање е што ќе се случи ако леталото препознае некаква опасност и убие некого. Ваквата постапка може да предизвика воен одговор и војна.

Сподели!
- Advertisement -