Овој скенер може да ги детектира сите состојки во храната што ја јадете

- Advertisement -

Овој интересен гаџет ви кажува што има во вашата храна. Изгледа како мал USB стик, но врши многу побитна функција. Молекуларниот скенер наречен Scio е  првиот молекуларен скенер што е доволно мал за да го носите со себе во џеб каде и да одите.

Скенерот ви ги прикажува сите хемиски состојки на секоја храна било да е тоа свежо овошје, зеленчук или некој оброк. Функционира на тој начин што рефлектира светлина од површината на храната, која потоа се апсорбира во спектрометар, ја анализира и веднаш ви испраќа информации до апликацијата на вашиот телефон.

- Advertisement -

Може да ја идентификува количината масти, калории и шеќер во храната, како и состојките на некои други предмети. Скенерот чини 299 долари и ќе ви открие многу повеќе од она што го гледаат нашите очи.

Scanner detects all the ingredients in your food

This pocket-sized scanner instantly analyzes the nutritional value of your food 👌

Posted by In The Know Gadgets on Вторник, 29 јануари 2019

Сподели!
- Advertisement -