-7.2 C
Skopje
вторник, јануари 25, 2022

НАСА: Земјата денес е позелена отколку што била пред 20 години!

Kabtel desktop

Кога размислуваме за нашата планета и за климатските промени изминатите декади, сигурно ќе се загрижиме поради негативните ефекти на климатското затоплување, но има и мнгоу позитивни промени кои се случуваат во животната средина. НАСА неодамна објави најнови фотографии од Земјата и потврди дека нашиот свет дефинитивно станува позелен во голем дел благодарение на напорите на Индија и на Кина да садат нови дрвја.

Во изминатите две децении, како што информира НАСА, зелените површини на Земјата се зголемиле за 5%, што е еднакво на околу 5 милиони квадратни километри или на сите прашуми од Амазон. Нивната студија покажува дека Индија и Кина се лидери во пошумувањето, што е сосема логично имајќи предвид дека тоа се двете земји во светот со најмногу население.

„Кина и Индија се одговорни за една третина од зеленилото, иако имаат само 9% од вкупната површина на Земјата покриена со вегетација. Овие податоци по малку зачудуваат затоа што сите генерално имаме впечаток дека се случува деградација на зелените површини во големите земји поради пренаселеност“ се вели во извештајот на НАСА:

Според НАСА, Кина придонела со една четвртина за зголемувањето на зелената површина, при што 42% се шуми, а 32% посеви. Индија, пак, придонела со 6,8% од зголемувањето на зелените површини, при што 82% се посеви, а само 4,4% се шуми.

И покрај зголемувањето на зелените површини на планетата, истражувачите  потенцираат дека тоа не ги неутрализира негативните ефекти поради промените на еко-системите. Исто така, напоменуваат дека човечкиот фактор не е единствениот причинител на зголемувањето на зеленилото. Сателитските податоци покажуваат зголемување на вегетацијата директно поради човекот и индиректно поради други фактори како климатските промени, закрепнувањето од природните непогоди итн.

Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!