Pinterest излегува на берза. Wall Street Journal пишува дека платформата ги предала документите во Комисијата за хартии од вредност и берзи за ИПО (иницијална јавна понуда на акции).
Во јуни, кога е планирано да излезе на берза, компанијата очекува да собере околу 12 милијарди долари. Како што пренесуваат некои медиуми, тоа не е неочекувано затоа што Рinterest успева да собере по 1,5 милијарди долари, а минатата година компанијата имала приходи во износ од 1 милијарда долари.
Оваа платформа на која може да се складираат содржини од Интернет стана начин за луѓето да ги изразат своите интереси од различни категории – од идеи за шопинг до родителство или уредување на градина. Месечно ја користат околу 250 милиони луѓе.
Pinterest ја вбројуваат меѓу најиновативните компании во светот. Секој месец платформата обработува стотици милиони пребарувања на фотографии во својата понуда за да им помогне на корисниците да ги пронајдат работите кои ги интересираат.