Ричард Бренсон го испрати првиот патник до работ на вселената

- Advertisement -

Вселенскиот туризам направи огромен чекор напред откако леталото на компанијата Virgin Galactic го испрати првиот патник до работ на вселената. Дел од екипажот на леталото била и главната инструкторка на компанијата Virgin Galactic, Бет Моузес, која ќе ги подготвува идните патници за летaње. Таа стана првата личност која не е пилот, а летала до работ на вселената и првата жена која летала со комерцијален вселенски лет.

- Advertisement -

 

Вселенскиот брод SpaceShipTwo достигна висина од 89,9 км, што според американските и стандардите на НАСА, е самиот раб на вселената. Двата члена на екипажот и Бет Моузес се 569-тата, 570-тата и 571-вата личност кои ја поминале таа граница. Главниот пилот Дејв Меккеј рече дека погледот кон Земјата ги надминал сите негови очекувања.

- Advertisement -

„За нас ова беше исполнување на животните амбиции и парадоксално е тоа што ова е само почеток на авантурите кои едвај чекаме да ги споделиме со илјадници други луѓе“ Додаде Меккеј.  Компанијата Virgin Galactic е основана во 2004 година и оттогаш развива комерцијален вселенски брод кој ќе им овозможи суборбитални летови на вселенските патници по цена од 250.000 долари.

Сподели!
- Advertisement -