15.8 C
Skopje
вторник, септември 28, 2021

Huawei го претстави флексибилниот телефон Mate X

Kabtel desktop

Откако Xiaomi ја претстави новата палета производи во пресрет на Светскиот мобилен конгрес во Барселона, истот го направи и уште еден кинески производител – Huawei. Но, за разлика од Xiaomi, Huawei не разочара. Тој го претстави својот флексибилен телефон Huawei Mate X, кој за разлика од Samsung Galaxy Fold, има голем екран од надворешната страна на уредот.

Освен поинаквиот дизајн, она што прво паѓа во очи е цената – 2.299 евра, која е убедливо највисока на пазарот. Инаку, Mate X има преден екран од 6,6 инчи и заден екран од 6,38 инчи, кои со расклопувањето се претвораат во 8-инчен „растворен“ екран.

Од Huawei тврдат дека Mate X кога е преклопен е потенок и од Samsung Galaxy Fold и од iPad Pro – дебел е само 11 милиметри. Екранот е флексибилен FullView OLED, кој речиси нема рамка и дава впечаток на бесконечност. Посебен акцент е ставен на шарките кои се одговорни за беспрекорното отворање и затворање. Од Huawei се пофалија дека само во тој дел уредот има повеќе од 100 делови. Инаку, Mate X има процесор Kirin 980, кој веќе го видовме кај Mate 20 Pro.

Од Huawei истакнуваат дека Mate X доаѓа со модел Balong 5000 и е подготвен за 5G. Има и 8GB работна меморија и 512 GB простор за складирање податоци. Исклучително моќната батерија од 4500mAh ќе се погрижи уредтот да има доволно енергија за целодневно користење, а за сите на кои им треба дополнително тука е новиот брз полнач SuperCharge, кој би требало да ја наполни батеријата на Mate X до 85% за само половина час.

Mate X доаѓа со тројна камера на примарната страна, а ќе биде достапен само во сина боја од средината на 2019 година.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •