11.7 C
Skopje
среда, ноември 20, 2019

Успешно извршена првата хируршка операција во светот преку 5G мрежа

Kabtel desktop

Првата хируршка операција во светот направена со помош на новата генерација мобилна телефонија 5G ја изведе шпански доктор во директен пренос од главната бина на Светскиот мобилен конгрес во Барселона. Оваа технологија веше беше користена во медицината, но 5G нуди пократко време на реакција, односно доцнење и подобра слика од претходните мрежо и така ја ограничува опасноста од грешки и дава повеќе информации за докторската екипа.

Во текот на операцијата 5G врската овозможи доцнење од 0,01 секунди, што е значително помалку од 0,27 секунди на мрежите 4G кои моментално се користат во светот. Според најголем дел од експертите, 5G на хирурзите ќе им овозможи да оперираат на далечина преку роботизирани раце.

Во текот на операцијата докторот Антонио де Лејси во реално време дават совети и техничка помош преку  5G мрежа на екипата која ја изведувала оепрацијата на тумор на црева во болницата Hospital Clinic во Барселона, на 5 км оддалеченост од Светскиот мобилен конгрес.

Ова е првата хируршка операција која е директно пренесувана во реално време преку 5G и е една од бројните предноси кои ги носи 5G. Ова е прв чекор напред кон остварување на целта хирурзите да можат да изведуваат операции на далечина. Ако се прави операција на далечина мора да се чувствувате како да сте на самото место и не може да има доцнење од повеќе од една или две милисекунди.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •