Во овие земји најмногу возрасни немаат паметен телефон

- Advertisement -

На 3 април 1973 година работникот во Motorola, Мартин Бел го направи првиот телефонски повик во светoт преку мобилен телефон. Речиси 50 години подоцна повеќе од 5 милијарди луѓе во светот се конектирани на мобилни услуги и повеќе од половина од нив користат смартфон.

Но, додека пристапот до Интернет постојано се подобрува на глобално ниво, развиените земји сепак имаат највисока стапка на корисници на паметни телефони. Во Јужна Кореја 95% од возрасните поседуваат смартфон, а 5% имаат обичен мобилен телефон. Наспрема тоа, пак, 75% од возрасните во Индија немаат смартфон, иако 40% од нив имаат мобилен телефон.

- Advertisement -

Јужна Кореја е светски лидер кога е во прашање користењето паметни телефони. Тоа е единствената земја во светот каде што 100% од возрасната популација има мобилен телефон. Слична е ситуацијата во Израел, Холандија и во Шведска, каде што повеќе од 85% од возрасните имаат смартфон, а само 2% воопшто немаат мобилен телефон.

Во Полска и во Русија, пак, 30%, односно 34% од возрасните користат обичен мобилен телефон, додека процентот на корисници на смартфон е 63%, односно 59%. Но, во Канада, на пример, една четвртина од популацијата нема мобилен телефон и земјата е исклучок од напредните земји. Тука користењето смартфон во развиените градови е помало, а во руралните средини нема речиси никаква конекција. Јапонија, пак, која е позната по својата опсесија со високотехнолошки гаџети, има релативно пониска стапка на поседување смартфон – само 66%.

- Advertisement -

Иако смартфоните се уште  не можат да си ги дозволат посиромашните општества, покачувањето на стандардите на живот сега создаваат огромни нови пазари за мобилни уреди во развиениот свет. Кина и Индија сега имаат поголеми пазари за смартфони отколку САД, а и Индонезија и Бразил забрзано растат.

Сподели!
- Advertisement -