0.4 C
Skopje
недела, јануари 19, 2020

Во Хрватска пристигна платформата Abi која дава одговори на сите прашања во врска со здравјето

Kabtel desktop
По Германија, Италија, Шпанија, Португалија, Франција и Велика Британија, иновативната платформа Abi, која целосно го менува пристапот во професионалната здравствена заштита, пристигна и во Хрватска. Со цел овозможување едноставна и пристапна медицинска нега за сите и спречување на гужвата во чекалниците на здравствените установи, дигиталниот експерт Ким Фредрик Шнајдер и докторот Виктор Виченс ја осмислија Abi и ја основаа стартап компанијата Abi Global Health со седиште во Даблин, Ирска.
Оваа извонредна платформа работи со вештачка интелигенција и нуди брза помош од реални и стручни хрватски доктори за загрижените пациенти за своето здравје на прашања за кои нема потреба од физички преглед. Платфoрмата е многу лесна и едноставна за користење.
Abi Global Health ви дава пристап до стручни совети од вистински доктори. Виртуелниот асистент Abi ве поврзува со глобална мрежа од доктори за брзи одговори на прашања или детални консултации. Се што треба да направите е да го изберете докторот чиј совет го сакате и јазикот кој ви одговара и пристапете до услугата преку СМС или преку инстант чет. Abi можете да ја користите преку вообичаените апликации за размена на пораки кои веќе ги користите како што се Facebook Messenger, Viber, SMS и Skype.
Сите достапни доктори кои се дел од мрежата на Abi имаат дозвола и се регистрирани во земјата на живеење. Abi има мисија да ја елиминира неефикасноста и препреките за пристап до здравствена заштита, како и да заштеди време, пари и да спаси повеќе животи.

Во текот на првите шест месеци во Хрватска стартапот Abi забележал 500 прашања на граѓаи. Најмногу барале совети на полето на гинекологијата, емратологијата, оториноларингологијата и урологијата. Имало и прашања за сексуално воспитание, а се јавувале и млади мајки кои барале совети за исхрана и лекување, за дозирање на лекарства, интеракција на лекови итн. Од Аbi велат и дека едно од најчестите прашања било читање наоди кои корисниците можат да ги фотографираат и да ги испратат до докторите.

„Моментално на платформата од Хрватска се вклучени 12 доктори и има неколкумина заинтересирани. Тие можат да бидат од приватниот или од јавниот сектор. Битно е да имаат медицинска диплома и лиценцна со која докажуваат дека можат да практикуваат медицина во Хрватска“ велат од Abi.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •