11 C
Skopje
вторник, мај 26, 2020

ВИДЕО: Швајцарска компанија направи посебен аспиратор за чистење на затнатите крвни садови

Kabtel desktop

Поради брзиот начин на живот, нездравата храна и негрижата за себе многу луѓе денес имаат проблем со затнати крвни садови. Тоа е сериозен проблем кој може да доведе до посериозни последици доколку не се открие и не се третира навреме. Сега има многу ефикасно решение.

Системот Straub Rotarex на компанијата Straub Medical од Швајцарија е уред кој се состои од електричен мотор поврзан со катетер за тромбоектомија преку електромагнетен приклучок. Овој систем се користи за истовремено растворање на тромбовите или грутките крв и отстранување на таа крв преку цевка директно надвор од телото за да се спречи појавата на емболизам, односно некое парче од таа згрутчена крв да допре до некој витален орган и да ја попречи неговата функција.

И експерименталните студии и клиничките тестирања покажаа дека овој уред има голем потенцијал. Може да се користи за акутни или хронични тромбови. Она по што е посебен е ротирачкиот преден дел кој овозможува многу брзо распарчување на згрутчената крв и нејзино отстранување за време на операции, на пример.

Rotarex S се користи за периферните крвни садови со дијаметар од 3 до 8 милиметри, додека вените може да се третираат со системот Aspirex S, кој работи на истиот принцип.

These new devices destroy blood clots! 🏥⚕️

These new devices destroy blood clots! 🏥⚕️

Posted by Inventions & Creations on Петок, 22 февруари 2019

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •