18.5 C
Skopje
четврток, октомври 1, 2020

Дебитна картичка со вграден скенер за отпечаток на прст почнува да се тестира во Велика Британија

Британската банка Natwest во април ќе почне да тестира нова NFC картичка за плаќање која има вграден сензор за отпечатоци на прст. Картичката ќе овозможи NFC (бесконтактно) плаќање со што ќе се елиминира потребата за внесување пин или потпис. Кога ќе се користи отпечаток од прст, стандардниот лимит за бесконтактно плаќање од 30 фунти нема да се применува.

Моментално оние кои користат бесконтактно плаќање само ја приближуваат картичката до терминалот за да извршат плаќање. Резултатот на тоа е помала безбедност, па се наметнува лимит за плаќање. За поголеми износи потребно е да се стави картичката во читачот и да се внесе пин. Мобилното плаќање бара идентификација за мали износи.

Податоците за отпечатокот од прст се чуваат на картичката, така што хакерите не можат да украдат ништо од централната база на податоци.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •