9 C
Skopje
четврток, јуни 4, 2020

Тајван најави забрана на сите пластични кеси, сламки и прибор за јадење

Kabtel desktop

Нарачувањето готвена храна до дома, пазарењето од пиљарите, купувањето пијалаци – сето тоа ќе се смени во текот на наредната деценија во Тајван затоа што островската нација ќе воведе целосна забрана на пластичните кеси за еднократна употреба, на пластичните сламки и чаши.

Ова ќе биде една од најригорозните забрани на пластични производи во светот и е показател за моментумот на антипластичното движење како одговор на сериозната штета врз околината што ја прават овие производи.  „Целта ни е да имплементираме целосна забрана до 2030 година со цел да се намали пластичниот отпад кој го загадува океанот, но навлегува и во нашиот синџир на исхрана и влијае на човечкото здравје“ велат од тајванската Агенција за заштита на животната средина.

Забраната на Тајван ќе се спроведува постепено и е надоврзување на постојната регулатива како што е проширената програма за рециклирање и екстра давачките за користење пластични кеси. Првиот дел од забраната вклучува забрана за синџирите ресторани за им даваат пластични сламки на посетителитево 2019 годин и потоа целосна забрана на сламките во сите места за исхрана до 2020 година.

Малопродажните трговци ќе плаќаат дополнителни давачки за пластичните кеси, за пластичните амбалажи за готвена храна и за пластичниот прибор почнувајќи од 2020 година, а дополнителни давачки за истите ќе бидат вклучени во 2025 година. Овие мерки ќе кулминираат со целосна забрана на сите пластични кеси за еднократна употреба, на пластичните сламки и на пластичниот прибор до 2030 година.

Ова е тајванскиот одговор на глобалниот проблем со загадувањето со пластика. На светско ниво, околу 380 милиони метрички тони пластика се создава годишно. Во меѓувреме, се проценува дека 8 милиони метрички тони пластичен отпад завршуваат во океаните секоја година. Тоа е исто како да се истура по еден камион пластичен отпад секоја минута.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •