12.8 C
Skopje
сабота, ноември 27, 2021

Училиштата во Њујорк еднаш неделно нема да готват месо за да ја заштитат планетата

Cementarnica USJE, mobile 19.11.2021

Училиштата во Њујорк еднаш неделно нема да нудат месо на менито во обид да се помогне да се заштити планетата Земја, но и да се подобри здравјето на учениците. Многу деца во Њујорк јадат два оброци на училиште –  и појадок и ручек.

Почнувајќи од септември годинава, единствената храна која ќе биде на менито секој понеделник ќе биде вегетаријанска. Тоа ќе биде исто во сите 1.800 државни училишта, во кои учат 1,1 милион ученици. Вегетаријанските понеделници веќе се тестираа во 15 училипта во Бруклин.

Преголемата консумација на црвено месо може да биде лоша за здравјето на луѓето, а јадењето процесирана храна може да го скрат животниот век. Освен тоа, одгледувањето животни на фарми има многу штетно влијание на животната средина. 15% од стакленичките гасови во атмосферата доаѓаат од сточарството.

За потребите на таа индустрија се сечат дрвја за да има простор за пасење, а тоа пак резултира со помала апсорпција на јаглерод диоксид.


Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!