13.7 C
Skopje
среда, ноември 20, 2019

Дронови по прв пат доставија лекови до изолирани острови

Kabtel desktop

Џоѕ Новаи, едномесечно бебе, стана првото дете кое беше имунизирано со вакцина која ја достави дрон на далечниот остров Ероманго во Вануату, островска нација на југот од Пацификот, а сето тоа го овозможи заедничката програма на УНИЦЕФ и владата на Ваунату.

Дронот кој пренесувал вакцини поминал 40 км планински терен од заливот Дилон на западната страна на островот до источниот залив Кук, каде што, според соопштението на УНИЦЕФ, 13 деца и пет бремени жени чекале имунизација.

Заливот Кук е мала заедница која нема болница, нема струја и единственот може да се појде таму пеш или со али бротчиња. Во Вануату едно од пет деца не е вакцинирано, па дроновите навистина многу ќе помогнат за пристапување до исолираните предели како овој залив.

„Денешниот краток лет на дрон е голем скок за глобалното здравје. Светот се уште се бори да ги вакциира децата кои се на непристапни предеlи, па технологијата за дронови може да ја смени ситуацијата и да допре до секое дете“ велат од УНИЦЕФ.

Транспортот на вакцини не е едноставен затоа што мора да се чуваат на одредена температура. Топлата клима и топографијата на Ваунату, нација составена од 80 острови која се протега на повеќе од 1.300 км, со многу малку патишта, уште повеќе ја отежнуваат вакцинацијата.

„Тешко е да се одржуваат вакцините ладни додека се поминуваат реки, планини, по дожд, преку карпести предели. Досега вакцините ги носеа бротчиња, кои често не можат да пловат поради лошото време Бидејќи патувањето е долго и мачно, можат да ги посетувам децата еднаш месечно и да ги вакцинирам, но сека с дроновите се надеваме дека секое дете и на наизолираните делови од островите ќе биде вакцинирано“ вели Мириам Нампил, медицинска сестра која им ги става вакцините на децата.

Дронот ги пренел вакцините во ладилници од морска мена со мраз и уред кој ја лседел температуратана вакцините. Дронот кој бил искористен за достава е дело на компанијата Swoop Aero. Владата на Вануату сега сака доставата на вакцини со дронови да ја стави во националната програма за имунизација, но и со дронови да доставува и други лекарства.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •