-4 C
Skopje
недела, февруари 23, 2020

McDonald’s купува стартап кој користи вештачка интелигенција за да ве натера да трошите повеќе пари

Kabtel desktop

McDonald’s купува технолошки стартап за кој се надева дека ќе ги натера потрошувачите да трошат повеќе отколку што сакаат. Гигантот за брза храна објави дека го купува Dynamic Yield, израелска компанија која користи вештачка интелигенција за да корисниците да им даде поперсонализирано искуство.

Од McDonald’s изјавија дека ќе ја користат технологијата која ја прави стартапот за да ги прилагодат оброците на менијата во зависност од временските услови, од тоа колку работа има ресторанот и од тоа кое време од денот е. Исто така, вендаш ќе препорачува екстра понуди во зависност од првичната нарачка на купувачот. Тоа ќе му помогне на McDonald’s да ја зголеми продажбата на појадоци или кафиња.

Компаниите кои се занимаваат со продажба на храна во целиот свет забрзано почнуваат да ја прифаќаат дигиталната технологија, особено мобилните апликации, за да научат повеќе информации за желбите на купувачите и да за им продадат повеќе отколку што тие сакаат да купат.

Dynamic Yield ќе ја зголеми способноста на McDonald’s да ја засили улогата на технологијата и на податоците во иднина. Извршниот директор на McDonald’s, Стив Истербрук, изјави дека технологијата ќе и помогне на неговата компанија да ја зголеми брзината со која ја имплементираат нивната визија за креирање поперсонализирано искуство за купувачите.

Од McDonald’s не ја открија вредноста на зделката, но Wall Street Journal потврди дека станува збор за повеќе од 300 милиони долари. McDonald’s почна да ја тестира технологијата на Dynamic Yield во рестораните во САД уште минатата година. Синџирот за брза храна планира да ја интегрира платформата во менијата на рестораните уште оваа година пред да се прошири и на интернационалните пазари.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •