Volkswagen го редизајнираше своето познато лесно возило за на плажа – сега е електрично

- Advertisement -

Пред речиси 60 години Брус Мејерс го создаде Meyers Manx, слаткото возило наменето за возење по песок кое личеше на „буба“ и ја дефинираше туристичката култура. Доколку имате помалку од 30 години, можеби ќе го препознаете како BF Injection од мегапопуларната игра Grand Theft Auto. Сега VW повторно го враќа истото возило во мода, но овојпат во електрична верзија.

Возилото моментално нема официјално име, но веројатно ќе се вика I.D. Buggy или нешто слично. Станува збор за целосно електричен концепт кој ќе ја има модуларната електрична конструкција на оваа автомобилска компанија. Исто како што MQB платформата сега ја има на сите форми на возила од теренец до минијатурно градско возило, MEB е толку или повеќе флексибилна.

- Advertisement -

Шацијата е еден вид скејтборд кој ги дозржи моторите и батериите и ослободува доволно простор за патници и теоретски, овозможува VW да постави какво било тело одозгора. Ова возило ќе остане доследно на оригиналот – нема покрив ниту врати, па патниците можат да се качат во возилото како на педалинка. Со своите крупни гуми и тркала, ставот како во клекната позиција и нискиот центар на гравитација, ова возило е вистински модерен Manx, но со сите напредни додатоци од 2019 година.

Volkswagen’s Electric Dune Buggy

Volkswagen reimagines the iconic beach buggy.

Posted by Startup Selfie on Среда, 20 март 2019

Сподели!
- Advertisement -