3.2 C
Skopje
сабота, јануари 25, 2020

Ова се топ 10 најдобри земји за живот за жените

Kabtel desktop

Иако дебатите за еднаквоста на половите денес се пожестоки од кога било, светот во кој живееме уште не е безбедно место за жените. Само минатата година насилството врз жените било причина за прерана смрт на многу голем број жени. Станува збор за епидемија која го зафаќа целиот свет.

Секоја ден на глобално ниво се убиваат 137 жени. Нивните животи се одземени од страна на нивните партнери или членови на семејството, покажуваат податоците на Обдинетите нации. Оа се бројки кои наежуваат секого и се само една од причините за битката за еднаквоста на половите во светот.

Жените денес се плашат да одат сами до дома ноќе или сами да се паркираат во подземна гаража. Nestpick анализираше 100 земји земјаќи предвид повеќе фактори од секојдневниот живот на жените. Индексот Women’s Liveability Index 2019 ги покажува топ 10 најдобрите и топ 10 најлошите земји за живот за жените според фактори како стапката на насилство, нееднаквоста на платите, образоанието, животниот век итн.

Ова се топ 10 најдобри земји за жиот на жените.

1.Норвешка

2.Шведска

3.Канада

4.Финска

5.Исланд

6.Данска

7.Ирска

8.Словенија

9.Австрија

10.Естонија

А ова се топ 10 најлоши земји за жените: Нигерија, Етиопија, Пакистан, Уганда, Мозамбик, Лаос, Танзанија, Камерун, Египет и Руанда.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •