„Ватикан њуз“ го воведе македонскиот јазик на својот портал

- Advertisement -

Точно еден месец пред официјалната посета на папата Франциск на Република Северна Македонија, закажана за 7 мај, Vaтican News го додаде македонскиот јазик на својата веб-страница како 34-ти јазик достапен на страниците на овој портал, наведе Vatican News.

Католиците кои живеат во Република Северна Македонија на овој сајт ќе можат да најдат вести за папата Франциск, за Ватикан и за католичката црквa ширум светот на нивниот македонски јазик, како етнички Македонци кои живеат во дијаспората.

- Advertisement -

Порталот наведува дека во Северна Македонија живеат околу 20 илјади католици. Во новиот сајт на македонски јазик на порталот ќе работат четворица Македонци, а ќе се грижи за пораките на папата, благодарение на договорот меѓу Одделот за комуникации (Vatican Dicastery for Communikation) и локалнaтa црква.

Сподели!
- Advertisement -